ВИДЕО: Голем украински напад, пожар во клучната руска база

Од:

Руските градови Саратов и Енгелс синоќа беа цел на најтешкиот напад со беспилотни летала врз регионот Саратов од почетокот на војната, изјави гувернерот Роман Бусаргин, додавајќи дека на аеродромот избувнал пожар.

Руските телеграмски канали објавија дека најпрво бил прогласен воздушен напад, по што следеле серија експлозии. Според каналот MASH, околу 4 часот по локално време се слушнале најмалку четири експлозии.

Градовите Енгелс и Саратов се наоѓаат во близина на воената воздухопловна база Енгелс-2, од која често полетуваат стратешки бомбардери за да извршат воздушни напади врз Украина. Независниот информативен канал Астра објави дека има експлозии во близина на воздухопловната база.

Според гувернерот Бусаргин, во тек е евакуација на жителите кои живеат во близина на аеродромот. Телеграмскиот канал Шот објави дека пожар избувнал и во реонот на складиште за нафта во Енгелс. Руските власти не коментираат за можните штети на нафтената инфраструктура.

Руската воздушна одбрана соборила 132 украински беспилотни летала во текот на ноќта, од кои 54 над Саратовската област, 40 над Воронежската област, 22 над Белгородската област и други над Ростов, Курск и Липецк, како и над окупираниот Крим, тврди руското Министерство за одбрана.

Украинската војска не ги коментираше овие тврдења, што не можеше да биде независно потврдено.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Украина има нова стратегија во војната со Русија

Орбан ја уценува Европската унија, Украина е заложник

Нова програма за финансирање на Украина вредна 8,1 милијарда долари, одобри ММФ

Енергетската криза во Украина го уништува производството

ВИДЕО: Силни експлозии одекнуваат во Киев, Полска ги крена авионите

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Терористички напад во Лвов, има мртви и повредени