(ВИДЕО) Голем руски напад на Одеса: тројца мртви, најмалку 13 повредени

Од:

Во текот на ноќта Русија го нападна јужниот град Одеса со крстосувачки ракети „Калибр“, од кои две беа соборени од градската противвоздушна одбрана, според прелиминарните информации од Јужната команда на украинската војска. Во објава на Фејсбук, командата наведува дека по нападот „пријавен е пожар во близина на деловниот центар и зафатен е магацинот на трговскиот синџир“. Три лица загинаа, а најмалку 13 се повредени.

Експлозиите се слушнале во Одеса околу 2:30 часот по локално време, по што следел пожар и големо количество чад.

Командата соопшти дека според ажурираните информации, Русија истрелала четири крстосувачки ракети „Калибр“ кон градот.

Делови од проектили оштетиле и деловен центар, образовна институција, станбен комплекс и продавници во центарот на градот. Командата, исто така, објави дека луѓе се уште може да се заробени под урнатините на местата на нападите.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Трамп му е многу лут на Путин

Путин не ја дава нуклеарката во Запорожје, ниту на Украина, ниту на Трамп

Катерина Ѓуровски

Зеленски: Примирје веќе ќе имаше доколку имаше вистински притисок врз Русија

АП: Русија подготвува нова офанзива

ВИДЕО: Експлодира лимузината на Путин

Зеленски му одговори на Трамп: Нема да ги вратиме парите

Предраг Петровиќ