(ВИДЕО) Голем протест против властите во Варшава, дојдоа милион луѓе

Од:

Околу милион луѓе се собраа во Варшава на протест на либералната опозиција против политиката на националистичката владејачка партија Право и правда (ПиС), проценуваат градските власти.

– Околу милион луѓе, соопштија од кабинетот на градоначалникот, протестирале против владејачката ПиС на покана на опозицијата во центарот на полската престолнина, 15 дена пред изборите.

Новинската агенција ПАП, повикувајќи се на полициски информации, објави дека се собрале околу 100.000 луѓе.

„Ова е апсолутно најголемиот собир во историјата на Варшава“, изјави за агенцијата Франс прес портпаролката на кабинетот на градоначалникот Моника Беут.

Учесниците маршираа носејќи транспаренти на кои пишуваше „Доста ни е и сакаме промени“ и „Заедно имаме сила“.

-Ништо не може да ја запре оваа сила – изјави поранешниот премиер Доналд Туск и додаде „Никој во редовите на власта да нема илузии, оваа промена е неизбежна“.

Две недели пред парламентарните избори во Полска, најголемиот опозициски сојуз во земјата – Граѓанската коалиција на Туск и покани своите поддржувачи да излезат на улиците на главниот град Варшава на „Маршот на милиони срца“.

И левото крило Lewica ги поддржува протестите. Полјаците се поканети на изборите на 15 октомври. Во сите претходни истражувања, ПиС, која е на власт од 2015 година, води со очигледна предност. Според истражувањето на Институтот Ибрис од 27 септември, се предвидува дека владејачката партија ќе добие 35,1 отсто од гласовите и може да се надева на трет мандат.

Би можело да ве интересира

Девет државјани на Украина се повредени во сообраќајна несреќа во Полска

(ВИДЕО) Се урна авион во Полска, засега не се знае дали има преживеани

Полска се подготвува за голема војна

Аларм во Полска: Сојузничките земји по втор пат подигнаа авиони во последните 24 часа

Горан Наумовски

Германија протера авганистанско семејство, Варшава го осуди овој потег како кршење на законот

Горан Наумовски

Избегната голема несреќа во Полска, полициско возило удри во спасувачки хеликоптер на автопат