(ВИДЕО) Голем пожар на југот на Франција, луѓето панично бегаат, евакуација на кампови

Од:

Голем број пожарникари се борат со пожар на југот на Франција, што доведе до евакуација на неколку кампови со многу туристи, јавува германската агенција ДПА. Голем пожар гори во провинцијата Пиринеи-Ориентали, изјави министерот за внатрешни работи Џералд Дарманин. Тој ги повика населението и туристите да бидат крајно внимателни.

Распоредена е противпожарна бригада со 13 авиони, три хеликоптери и повеќе од 500 пожарникари.

Пожарот избувна во понеделникот попладне меѓу градот Сен-Андре и познатото приморско одморалиште Аржелес-сур-Мер на Средоземното Море, соопштија пожарникарите. Радио станицата France Blue, повикувајќи се на локалните власти, објави дека во пожарот се уништени 300 хектари претежно ниска вегетација.

Три кампа со многу туристи беа евакуирани, додека пожарот се закануваше на некои станбени згради и продавници. Спортската сала е подготвена за сместување на евакуираните. Локацијата на пожарот е западно од градот Перпињан, недалеку од границата со Шпанија.

Би можело да ве интересира

Измамниците во Франција на старите лица им наплаќале од 300 до 2.100 евра за уништување на бубачки

Горан Наумовски

Бомгартнер: Патот по кој треба да се чекори е оној кон ЕУ

Брутално убиен навивач: Му забодеа нож во грб

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Туристи нападнати во близина на Ајфеловата кула, eден загина, двајца се повредени

Француски професор убиен затоа што покажувал карикатури на пророкот Мухамед

Горан Наумовски

Хорор во Франција: Си ги убил трите ќерки и се пријавил во полиција