ВИДЕО: Го убила својот седумгодишен син со 150 убоди со нож

Од:

Повеќе од 150 пати Елзбиета Плачковска го забила ножот во својот седумгодишен син Џастин и петгодишното девојче Оливија Двараковски, ќерка на нејзината пријателка Марта Двараковски. Ги убила и двете семејни кучиња.

Злосторството се случи во предградиото Непервил, во американската сојузна држава Илионис, а му претходела жестока расправија на Плачковска со нејзиниот сопруг.

Децата како што пренесуваат американските медиуми пред да одат на спиење скокале по креветот. Плачковска им рекла дека злото влегло во нив и дека мора да клекнат и да се молат за од нив да излезат лошите духови.

Тогаш отишла по кујнскиот нож, и го забила повеќе од сто пати во телото на нејзиниот син, и над 50 пати во телото на малата Оливија.

„На синот му рече дека ќе оди во рајот, и упорно го бодела со ножот. Тој ја молел да престане. Дури и рекол и дека ја сака. Била одлучна во тоа со нешто да го повреди сопругот, толку колку што тој ја повредил неа. Навела дека е лута поради честото отсуство на нејзиниот сопруг“, извести обвинителството.

Кога Плачковска сфатила што направила, неколку пати се јавила во локалната црква, а потоа заминала некаде. Потоа сета крвава дошла и до домот на својата пријателка Марта чија ќерка ја убила. Марта повикала полиција.

Таа на полицијата и раскажала неколку верзии на приказната, вклучувајќи ја и таа дека некој упаднал во куќата. Се обидела и да си пресуди, па сега е под строг надзор за да не се самоубие.

Последните неколку дена била премногу растроена, поради смртта на нејзиниот татко и сакала да се врати во Полска, но нејзиниот сопруг бил против.

Би можело да ве интересира

Бела куќа: Апсолутно е невозможно САД да ја вратат Статуата на слободата во Франција

Медиуми: САД се повлекуваат од Меѓународниот центар за злосторства против Украина

Американската војска се подготвува за атак на Панамскиот канал

САД тајно ги заоструваат санкциите против Русија

Авион се урна во близина на американски аеродром, нема преживеани

Горан Наумовски

САД предлагаат продолжување на прекинот на огнот во Газа до април