Hennessey Venom GT и официјално влезе во Гинисовата книга на рекорди, откако постигна рекорд во забрзување од 0 до 300 км/ч за само 13,63 секунди.
Претходниот рекорд во оваа категорија го држеше Koenigsegg Agera R кој во септември 2011 забрза од 0-300 км/ч за 14,53 секунди.
Минатиот месец Hennessey објави видео од неофицијално тестирање на моделот Venom GT, a тогаш на автомобилот му беа потребни 13,48 секунди за забрзување до 300 км/ч, додека до брзина од 370 км/ч стигна за помалку од 20 секунди.