(ВИДЕО) Германски лекари: Голема е веројатноста Навални да е отруен

Од:

Германските лекари кои се грижат за здравјето на рускиот опозиционер Алексеј Навални, веруваат дека постои голема веројатност тој да е отруен, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел.

Во исто време, министерот за надворешни работи, Хајко Маас, беше поумерен и пред новинарите соопшти дека на Берлин му се потребни повеќе информации за случајот, пред да може да донесе дефинитивен заклучок дали Навални е отруен или не.

На прес-конференцијата, германскиот шеф на дипломатијата истакна дека се уште недостигаат многу докази – медицински, а веројатно и форензички.

„Јас сум личност што донесува судови засновани врз факти. Многу факти недостасуваат во случајот со Навални – како медицински така и форензички. Мора да ги почекаме”, рече Маас.

Од болницата соопштија дека Навални во моментов е на интензивна нега и сè уште е во индуцирана кома, но германските лекари нагласуваат дека тој не е во животна опасност.

„Неговата состојба е сериозна, но тој во моментот не е во опасност”, соопшти берлинската болница.

Би можело да ве интересира

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ

Оружјето што Германија го испраќа во Украина често се расипува

ЦСУ го одобри коалицискиот договор со ЦДУ и СПД

Мерц: Коалицијата на конзервативците и СПД е сигнал дека Европа може да се потпре на Германија

Во Германија формирана голема коалиција

Тела на маж и жена најдени во резервоар за ѓубриво на фарма во Германија

А1он