ВИДЕО: Германските градови уште се под вода, пет луѓе загинаа во полавите

Од:

Пет лица загинаа, а илјадници се евакуирани во јужна Германија по обилните дождови кои предизвикаа поплави. Во Баварија две лица и еден пожарникар ги загубија животите, изјави за Си-Ен-Ен Јирген Вајс од Здружението на пожарникари во Баварија. Едниот цивил бил однесен од порој додека бил во својот автомобил, додека причината за смртта на другиот се уште не е позната. Пожарникарот загинал при спасувањето, кога чамецот се превртел.

Две лица загинаа во провинцијата Баден-Виртемберг. Властите веруваат дека тие загинале додека се обидувале да испумпаат вода од нивниот подрум. Шест лица и еден 22-годишен пожарникар се уште се водат како исчезнати. Вчера наутро нивото на Дунав во градот Пасау достигна 9,6 метри, што е речиси двојно повеќе од нормалното ниво за овој период од годината.

Пасау е познат како град на три реки (германски: Dreiflüssestadt) и се наоѓа на реката Дунав и на сливот на реките Инна и Илза. Има околу 50.000 жители.

Градските власти поради поплавите го прекинаа сообраќајот и ги испразнија подземните паркинзи. Од фотографиите се гледа дека целиот централен дел на градот е под вода. Многу улици се практично непроодни, односно по нив пловат само чамци на спасувачки тимови.

Би можело да ве интересира

Германските власти нудат парична награда за информации за трикратниот убиец од Кобленц

Авион падна во фабрички комплекс, има загинати

Мерц: Украина не треба да влезе во НАТО или во ЕУ додека е во војна со Русија

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ

Оружјето што Германија го испраќа во Украина често се расипува

ЦСУ го одобри коалицискиот договор со ЦДУ и СПД