ВИДЕО: Германски градоначалник побара учениците да не провоцираат и да избегнуваат бегалски центар

Од:

 Видео од собир на граѓани во германскиот град Бад Шлема стана едно од најгледаните на социјалните мрежи во Германија, откако порталот „Фрај Пресе“ објави текст и видео за средбата на градоначалникот со родители на деца кои биле вербално и сексуално нападнати од страна на бегалци, јави дописникот на МИА од Берлин.

Настанот се случил минатата недела кога загрижен дедо на една ученичка зборува за сексуален напад врз неговата внука од страна на бегалци, кои биле смместени во локалниoт центар за мигранти. На видеото дедото објаснува што се случило и прашува што ќе се случува на лето кога девојчињата носат помалку облека или кога се облечени за часови по физичко воспитување.

По одговорот на градоначалникот на Бад Шлема, Јенс Милер, кој сугерира бегалците да не се провоцираат и да се избегнува делот од градот каде што се сместени тие, присутните граѓани бараат негова оставка и вербално реагираат на барањето децата на пат до училиште да користат други патишта подалеку од центарот за бегалци.

Според него, технички не е неопходно да се оди близу до центарот за бегалци затоа што има алтернативни патишта до училиштето.

„Фрај Пресе“ наведува дела голем дел од граѓаните поради ваквите реакции на локалните или државните власти се повеќе стануваат симпатизери на екстремно десничарските партии како Алтернатива за Германија, која од 4,5 отсто рејтинг во април 2015 година дојде до поддршка од околу 12,5 проценти на последните испитѕвања на јавното мислење.

Нетрпеливоста кон бегалците која во 2015 година предизвика над 800 физички и вербални напади врз нив, кулминираше по новогодишните напади во Келн и неколку други градови кога ститици Германки беа ограбени или сексуално малтретирани од страна на луѓе ос Блискиот Исток и Северна Африка.

Напнатата состојба најмногу ја користат екстремните движења и организацијата ПЕГИДА, но и голем број медиуми и корисници на социјални мрежи, кои со цел да се влијаат против политиката на отворени врати за мигрантите, дистрибуриаат лажни информации за наводни силувања и други инциденти предизвикани од страна на бегалци.
Инцидентот меѓу градоначалниот и граѓаните во Бад Шлема на тема бегалци е еден од ретките за кои има видео запис.

Би можело да ве интересира

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ