(ВИДЕО) Герашченко: Руските пропагандисти им се закануваат на САД со нуклеарни напади

Од:

Руската државна телевизија предупреди дека Кремљ ќе ги нападне САД со нуклеарно оружје доколку Украина ја ескалира војната на „нуклеарно ниво“.

„Прашањето е дали ќе има нуклеарна фаза или не. Затоа што ако работите продолжат вака, тоа дефинитивно ќе се случи“, рече Евгениј Сатановски, руски политички коментатор и претседател на Рускиот институт за Блискиот Исток.

„И нема да се работи за тактичко, туку за стратешко нуклеарно оружје со кое ќе ја нападнеме Украина, верувајте ми, Соединетите Американски Држави и сите цели кои мора да бидат во фокусот. Тие се таму уште од времето на Советскиот Сојуз, во САД, во Европа и други места каде што е концентрирано американското нуклеарно оружје, каде што има американски воени бази. Сакам на патот кон нуклеарната фаза да го докрајчиме непријателот без да го преминеме Рубикон. Но, ако мораме, што можеме да направиме?”, рече тој.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

(ВИДЕО) Зеленски почна голема одмазда: гори Курск