(ВИДЕО) Фото финиш во трката за Белата куќа: Харис во скеч, Трамп вели дека е „татко на вештачкото оплодување“

Од:

Во финишот на трката за Белата куќа, демократската претседателска кандидатка Камала Харис се појави во саботата во скеч на популарно забавно ТВ шоу, додека нејзиниот републикански противник Доналд Трамп изјави на митинг во Северна Каролина дека денот на изборите, 5 ноември, ќе биде „денот на ослободување на Америка“.

На „Saturday Night Live“, Камала Харис се појави во скеч со актерката и комичарка Маја Рудолф, позната по имитирањето на потпретседателката.

Рудолф седна во соблекувалната и погледна во огледалото низ кое ја гледаше Харис, облечена во идентична облека.

Публиката во студиото беше воодушевена и со громогласен аплауз ја поздрави Камала Харис и скечот што таа и водителот на шоуто го изведоа заедно.

На крајот од скечот, Рудолф стана и рече: „Ќе гласам за нас“, а Камала Харис, полна со надеж, ја праша: „Има ли шанси да бидете регистрирани во Пенсилванија?

Во изборната трка со Хилари Клинтон во 2015 година, Доналд Трамп се појави и во забавна ТВ емисија, но само во воведниот дел со едноставен, политички интониран дијалог.

Додека Камала Харис учествуваше во забавна ТВ програма во саботата, Трамп го завршуваше својот митинг во Северна Каролина по 90-минутен говор.

Поранешниот американски претседател на тој предизборен митинг на своите приврзаници им порача дека САД се „окупирана земја“, но дека наскоро веќе нема да биде, нагласувајќи дека изборите на 5 ноември ќе бидат „ден на ослободувањето на Америка“.

Трамп ја обвини Камала Харис дека е „лажга“ и се осврна на нејзините обвинувања дека, ако повторно биде претседател на САД, ќе ги ограничи третманите за ин витро оплодување (ИВФ).

– Се сметам за татко на вештачкото оплодување – нагласи Трамп.

Пред да заврши, тој на присутните им кажа дека размислувал да одржи пократок говор од вообичаеното, но истакна дека дава се од себе и дека знае дека толпата нема да го пушти да си замине по само половина час.

– Нема да бидеме нападнати. Нема да бидеме окупирани. Нема да бидеме освоени – им порача Трамп на своите поддржувачи.

Тој изјави дека во последните два дена од кампањата планира три собири во недела и четири во понеделник.

– Работам напорно, бидејќи мораме да победиме – заклучи Трамп.

Би можело да ве интересира

Мет Гаец нема да биде државен обвинител на САД

Бајден наполни 82 години и стана најстариот актуелен претседател во историјата на САД

Трамп го номинираше Метју Витакер за американски амбасадор во НАТО

Трамп повторно повика на разговори за можноста САД да го купат Гренланд

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп

ВИДЕО: Лос Анџелес станува „град засолниште“ за мигранти пред доаѓањето на Трамп

Катерина Ѓуровски