ВИДЕО: ФБИ ја истражува смртта на млада американска политичарка

Од:

Политичарка од Њу Џерси беше застрелана во средата во близина на нејзиниот дом, а ФБИ ја истражува нејзината смрт. Полицијата ја пронашла Јунис Двамфор (30) во автомобилот со неколку прострелни рани. На местото на настанот била констатирана смрт.

Соседите сведочат дека слушнале четири истрели двапати. Откако Двамфор била застрелана, нејзиното возило се лизнало по ридот и удрило во паркирани автомобили. Кога погледнале од каде доаѓаат звуците, виделе како некој трча кон блиската шума објасни леден од луќето кои живеат во близина за американските медиуми.

Од обвинителството наведуваат дека се чини дека политичките ставови на жртвата не биле мотивот за убиството.

Детективите го пронашле телефонот на жртвата на местото на убиството. Како што рекоа, тие ги истражуваат личните, професионалните и верските аспекти од животот на жртвата.

Двамфор се сметаше за ѕвезда во подем во Републиканската партија.

Би можело да ве интересира

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина