(ВИДЕО) ЕУ сака специјален суд за руските воени злосторства: „Мора да платат“

Од:

Европската унија ќе се обиде, со поддршка на ОН, да формира суд посветен на истрагата и судењата на руските воени злосторства извршени во војната во Украина, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

„Руската инвазија на Украина донесе смрт, уништување и незамисливо страдање. Сите се сеќаваме на ужасите на Буча. Се проценува дека во војната досега се убиени повеќе од 20.000 цивили и повеќе од 100.000 припадници на украинската армија“, рече фон дер Лајен.

„Русија мора да плати за своите страшни злосторства, вклучувајќи го и злосторството за агресија врз суверена држава. Поради оваа причина, иако продолжуваме да го поддржуваме формирањето на меѓународен суд, предлагаме формирање на специјален суд поддржан од ОН, кој би истрага и казнување на руските злосторства на агресија“, додаде таа.

„Подготвени сме да работиме со меѓународната заедница за да собереме што поголема меѓународна поддршка за формирањето на тој специјален суд. Русија, исто така, мора финансиски да плати за уништувањето што го предизвика. Се проценува дека Украина претрпе штети од околу 600 милијарди евра Русија и нејзините олигарси мора да и надоместат на Украина за штетите и трошоците за обновата на земјата“, рече шефот на ЕК во видео обраќањето.

„Ужасните злосторства на Русија не смеат да останат неказнети“, рече фон дер Лајен. Русија, да потсетиме, негира дека убила цивили и извршила воени злосторства и покрај убедливите докази за масакрот во Буча. Украинскиот претседател Зеленски изјави дека само за време на окупацијата на Херсон биле извршени повеќе од 400 воени злосторства.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Се појави наводна снимка од рускиот напад на Украина со балистичка ракета

Катерина Ѓуровски

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп

Ќе загубиме ако САД ја прекинат воената помош вели Зеленски

Катерина Ѓуровски

САД ја затвори амбасадата во Киев: „Добивме информации за потенцијален напад“

Катерина Ѓуровски

Медведев: Можеби старецот Бајден решил да го напушти овој свет и да земе дел од човештвото со себе

Катерина Ѓуровски