Вулканот во југозападен Исланд еруптираше вчера по неколку недели интензивна сеизмичка активност, соопшти државната метеоролошка служба.
Властите евакуираа речиси 4.000 жители на рибарскиот град Гриндавик и ја затворија блиската геотермална бања Blue Lagoon на островот Рејкјанес.
BREAKING: THE VOLCANO IN ICELAND JUST ERUPTED #ISLAND #VOLCANO #VOLACNOERUPTION pic.twitter.com/oKRtSsl4Jx
— Arun Gangwar (@AG_Journalist) December 19, 2023
Ерупцијата почна северно од Гриндавик во близина на Хагафел“, објави Метеоролошката канцеларија на својата веб-страница. На снимките и во директните преноси на локалната новинска агенција РУВ се гледа како излегува лава.
„Приоритет на владата ќе биде да ги заштити животите и инфраструктурата“, рече исландскиот претседател Гудни Т. Јоханесон по вулканската ерупција.
Цивилната заштита го затвори погоденото подрачје. Сега чекаме да видиме што ни подготвуваат силите на природата. Подготвени сме и претпазливи“, објави исландскиот претседател на социјалната мрежа Х.
Just wow!
Aerial footage of the Iceland Volcano pic.twitter.com/rAwiiVPeWy
— Jay (@AckerlandJay) December 19, 2023
Вулканолозите првично стравуваа дека ерупцијата претставува значителна закана и за градот и за геотермалната централа, но подоцнежните проценки покажаа дека ситуацијата не е толку страшна како што се претпоставуваше претходно.
„Оваа ерупција е поголема од претходните во Рејкјанес“, изјави вулканологот Магнус Гудмундсон за Њујорк Тајмс. Во текот на изминатиот месец, исландските власти градеа одбранбени ѕидови околу електраната за да ја заштитат од тековите на лава.
Во ноември, властите рекоа дека градат голем насип дизајниран да ги пренасочи тековите на лава околу геотермалната централа Сварценги, која се наоѓа на нешто повеќе од 6 километри од Гриндавик.
Сите рути до градот Гриндавик ќе бидат затворени за патници во следните неколку дена.
„Би сакале да ги замолиме луѓето да не одат до ерупцијата и да запомнат дека гасовите од ова може да бидат опасни“, објави Одделот за јавна безбедност на Исланд на Фејсбук.
Се додава дека ќе бидат потребни неколку дена за научниците да ја проценат ерупцијата и дека властите ќе ја преоценуваат ситуацијата секој час. „Исто така, би сакале да ги замолиме возачите да ги почитуваат забраните и да покажат разбирање“, се вели во соопштението.