(ВИДЕО) Еруптираше Етна: Пепел над Катанија, затворен аеродромот

Од:

Вулканот Етна во Италија, најактивниот вулкан во Европа, еруптираше денеска и исфрли пепел над Катанија, што доведе до затворање на аеродромот во најголемиот град во источна Сицилија.

Италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија (ИНГВ) соопшти дека пепел паднал во Катанија и најмалку уште еден град на падините на вулканот Етна.

Облачната покривка во дождлив ден го попречува погледот на ерупцијата на вулканот Етна, која често е спектакуларна, соопшти институтот, а пренесува АП.

Италијанската државна телевизија објави дека градскиот аеродром во Катанија ќе биде затворен најмалку до вечерва. Засега нема извештаи за повредени во ерупцијата.

Би можело да ве интересира

Етна повторно почна да исфрла лава и пепел

ВИДЕО: Еруптираше Етна, пепел и лава на Сицилија

Еруптираше Етна и исфрли лава

Горан Наумовски

Сицилија: Затворен аеродромот во Катанија поради ерупција на Етна

Горан Наумовски

Нова ерупција на вулканот Етна на Сицилија

А1он

ВИДЕО: Погледнете ја првата ерупција на Етна оваа година

Ана Ололовска