(ВИДЕО) Експлозија во зграда во Франција – петмина се повредени

Од:

Петмина повредени во силна експлозија на приземјето од зграда во градот Тревос, во близина на Лион, во Франција.

Експлозијата се случи вечерва околу 18 часот во помала зграда лоцирана во близина на средно училиште.

Според извештајот на префектурата, експлозијата предизвикала делумно уривање на фасадата на зградата.

Спасувачките екипи брзо пристигнаа на местото на настанот, а жртвите добија „медицински третман на лице место“, според официјалното соопштение, пренесува Фигаро.

„Педесет пожарникари и 36 возила, како и медицински служби, беа мобилизирани за да им пружат помош на жртвите“, соопштија локалните власти.

Како превентивна мерка, училиштето кое се наоѓа во непосредна близина беше веднаш евакуирано.

Локалните власти започнаа истрага за да се утврди точната причина за експлозијата.

Би можело да ве интересира

Тардиф: Мора да бидеме подготвени за руски шокантен напад врз НАТО

Трамп бесен на Франција и Италија: Ќе го запаметиме ова

Цензура или демократија: Хаос и критики во Франција поради интервју со Сергеј Лавров

Мандон: САД станаа непредвидлив сојузник

Франција e погодена од силен земјотрес

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз