(ВИДЕО) Експлозија во Мајами: Две лица загинаа, тројца тешко повредени

Од:

Две лица загинаа, а три се повредени во експлозија и пожар што зафати неколку возила и згради во индустриска зона во Мајами.

Пожарникарите во Мајами соопштија дека добиле повик за експлозија и пожар во бизнис околу 8:40 часот по локално време, и веднаш отишле на адресата.

Како што јавуваат тамошните медиуми, кога противпожарните бригади пристигнале на местото на настанот виделе неколку возила целосно зафатени од пламен, а чад се гледал дури и од автопатот Палмето.

За жал, во експлозијата се повредени неколку лица, од кои двајца починале во болница, а уште двајца се во критична состојба“, соопшти полицијата.

Бирото за убиства во моментов е на лице место заедно со единицата за подметнување пожари и е започната истрага за инцидентот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Експлозија во Тексас: Четворица повредени, неколку домови оштетени

Еден мртов, двајцата тешко повредени во експлозија во Белорусија

Драма во Амстердам: Автомобил експлодира на плоштад

(ВИДЕО) Ужас во Мајами: Возач на автобус уби двајца патници

Катерина Ѓуровски

Русија: Пет лица повредени, 54 евакуирани поради експлозија на гас

Експлозија во воениот институт „Захорје“, најмалку двајца се повредени

Горан Наумовски