(ВИДЕО) Експлозија во хотел во окупираниот дел на Херсон, во него наводно имало офицери на ФСБ

Од:

Во делот на украинската област Херсон кој се уште е под руска окупација, дошло до експлозија и голем пожар во зграда во која пред војната бил сместен хотел. Си-Ен-Ен ја лоцираше геолокацијата на снимката на која се гледа тешко оштетениот хотел Саламар во селото Жализњи, во областа Скадовск.

Украинските медиуми неофицијално јавуваат дека во зградата на хотелот биле сместени припадници на руската безбедносна служба ФСБ. Неколку експлозии одекнаа во областа пред пожарот, јавува CNN. Ниту локални проруски претставници ниту украинската војска не ја коментираа експлозијата во хотелот, а тврдењето дека офицери на ФСБ биле во зградата не е независно потврдено.

Скадовск се наоѓа на брегот на Црното Море и е дел од поширокиот регион Херсон, кој беше делумно ослободен од руската окупација. Руските власти ги преместија командните пунктови на своите сили од градот Херсон на Крим додека Украинците го ослободија западниот брег на реката Днепар и го ослободија регионалниот главен град.

Минатата недела, според тврдењата на проруски функционери, имало обид за атентат на функционер назначен во Скадовск од Москва.

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

ВИДЕО: Русите го нападнаа Харков, четоврица повредени

Катерина Ѓуровски