(ВИДЕО) Експлозија во фирма за пиротехника во Словенија, има загинати и повредени

Од:

Експлозија се случи во фирмата за продажба на пиротехника Хамекс во Врхник, Словенија, при што едно лице загина, а две се тешко повредени. Како што јави N1 Словенија, експлозијата се почувствувала во поширока област на градот. На местото на несреќата се испратени повеќе екипи на Брза помош.

Полициската управа во Љубљана околу 11:30 часот била информирана за експлозија во фирма во месноста Врхник. Полицијата го обезбеди местото, а пожарникарите го гаснат пожарот.

Пожарникарите на ПГД Стари Врхник за Н1 потврдија дека имало пожар во споменатата компанија, и дека пожарот е веќе локализиран. Жителите на Врхник велат дека слушнале три експлозии.

Компанијата Хамекс д. о. о. е основана во 1991 година и ги продава своите производи на клиенти во Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина.

Би можело да ве интересира

Во Словенија брутално убиена девојка од Србија: Ја уби нејзиното момче кое два дена спиеше до нејзиното тело

Горан Наумовски

Русија: Во експлозијата, предизвикана од напад на два дрона, оштетена е управната зграда на нафтоводот

Експлозија во Стара Пазова, има повредени

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Рума: Има повредени

Експлозија во Шпанија: Најмалку две лица загинаа

По силната експлозија во зграда во Германија: Во станот е пронајдена мртва жена