(ВИДЕО) Експлозија во фирма за пиротехника во Словенија, има загинати и повредени

Од:

Експлозија се случи во фирмата за продажба на пиротехника Хамекс во Врхник, Словенија, при што едно лице загина, а две се тешко повредени. Како што јави N1 Словенија, експлозијата се почувствувала во поширока област на градот. На местото на несреќата се испратени повеќе екипи на Брза помош.

Полициската управа во Љубљана околу 11:30 часот била информирана за експлозија во фирма во месноста Врхник. Полицијата го обезбеди местото, а пожарникарите го гаснат пожарот.

Пожарникарите на ПГД Стари Врхник за Н1 потврдија дека имало пожар во споменатата компанија, и дека пожарот е веќе локализиран. Жителите на Врхник велат дека слушнале три експлозии.

Компанијата Хамекс д. о. о. е основана во 1991 година и ги продава своите производи на клиенти во Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина.

Би можело да ве интересира

Мал авион исчезна над Словенија

Катерина Ѓуровски

Русија: Пет лица повредени, 54 евакуирани поради експлозија на гас

Експлозија во воениот институт „Захорје“, најмалку двајца се повредени

Горан Наумовски

ВИДЕО: Експлозија во тунел, има мртви, луѓето се заробени

(ВИДЕО) Голем пожар избувна во близина на Марибор

Експлозија во семеен дом во Скопје, малолетник со изгореници завршиле во болница