ВИДЕО: Експлозија во фармацевтската фабрика во Квебек

Од:

Две лица загинаа, а 19 се повредени, во експлозија на резервоар со 15.000 литри ацетон во фармацевтската фабрика во Квебек, Канада, соопшти полицијата.

Експлозијата се случила во четвртокот попладне, во фабриката на компанијата Нептун технолоџис во Шербурк, 150 километри источно од Монтреал.

„Во урнатините пронајдовме тела на две лица“, изјавил портпаролот на локалната полиција, Рене Дибреј.

Вкупно 19  луѓе се хоспитализирани, едно лице е на  интензивна нега, а четири на одделението за опекотини во болницата во Монтреал.

Причината за експлозијата сеуште не е позната.

Во минутите по експлозијата, локалните телевизии прикажале снимки со голем облак на црн чад над Шербрук. Сепак, локалните власти тврдат дека нема никаква опасност по населението и дека ветерот, отровните материи го оддувал кон ненаселените подрачја.

Голем број на пожарникари бил испратен да ги лади другите резервоари кои се полни со хемиски супстанци.

Би можело да ве интересира

Канаѓаните се предупредени: Не користете TikTok

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Четворица загинати предизвикана од ограбувач на банка во Торонто

Во Отава: Шест лица се убиени во куќа, меѓу кои четири се деца

Горан Наумовски

Тела на три деца и две жени пронајдени во Манитоба

ВИДЕО: Мистериозен остаток од брод се појави на канадскиот брег

Тројца Италијанци загинаа во хеликоптерска несреќа во Канада