Експлозија на метеор, предизвикала вистинска паника меѓу граѓаните кои на 4-ти мај, точно во 16:20 часот, според локално време се нашле на улиците во северниот дел на Онтарио, во Канада.
Според зборовите на неколкумина сведоци, најпрвин се слушнал силен тресок, а потоа на кратко биле заслепени од светлина, слична на Сончевата.
Експлозијата била толку силна што луѓето помислиле дека куќите кои што се наоѓале во близина, се урнати до темел.
-Експлозијата на метеор долг половина метар може да се спореди со експолозија на 20-30 тони динамит, појаснува професор по астрономија, Питер Браун додавајќи дека иако на Земјата годишно паѓа околу 78.000 тони вселенски отпад, сепак вакви експлозии се реткост.
Имено сосема ретко се гледаат експлозии во тек на ден и тоа во населени области. Вселенскиот отпад според зборовите на Браун обично завршува во океаните.
Е. Г.