ВИДЕО: Експлозија и огромен пожар во американска хемиска фабрика, се евакуира цела област

Од:

Големи пламени јазици и столбови од чад високи стотици метри можеа да се забележат утрово по локално време во фабриката за хемиски производи „Кемтул“ во Роктон, во американската држава Илиноис.

Според локалните власти, за пожарот е пријавено во 7 часот и триесет минути утрото, а десетина противпожарни возила, помогнати од доброволци, се борат против огнената стихија.

Полицијата соопшти дека на пожарот, кој сега зафатил голем дел од фабриката, му претходела некаква експлозија, но засега не се познати детали.

Властите наредија евакуација на сите населени места и компании јужно од фабриката која сѐ уште гори, поттикнувајќи страв од еколошка катастрофа.

Би можело да ве интересира

Пожар во куќа во Кавадарци, пронајдено тело на маж кој најверојатно се задушил

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Трагедија во нелегален хостел: Петмина загинати во пожар во Полска