(ВИДЕО) Едно лице загина, 12 повредени во престрелка на забава за Денот на вештерките

Од:

Едно лице загина, а 12 се повредени на забава по повод Ноќта на вештерките во Оклахома Сити рано утринава.

Според првичните информации, дошло до тепачка за време на забава во Центарот за настани „Пети“, која брзо станала смртоносна бидејќи од огнено оружје одекнале истрели внатре и надвор, објави News 9.

„По полноќ, дошло до вербална расправија, која прераснала во тепачка надвор од местото“, изјавува полициски слуѓбеник за Си-Ен-Ен.

„Луѓето потоа се вратија на местото каде што продолжи пукањето“, изјавил тој.

Две лица се во критична состојба, јавуваат американските медиуми. Полицијата привела неколку лица, а потоа сослушала неколку сведоци. Засега никој не е уапсен.

Би можело да ве интересира

Тешко ранета е вработена во прилепскиот Центар за социјални работи

Горан Наумовски

Пукање во скопското село Моране, тешко повреден е маж кој е пренесен во болница

Тајната служба застрела маж пред Белата куќа

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пукање во Торонто: Осомничениот во бегство откако рани најмалку 12 луѓе

Осум осомничени за престрелката и убиството во Чаир

Инцидент во Германија: Tинејџер со пиштол пукал во поранешна девојка

Горан Наумовски