ВИДЕО: Еден загинат, а 20 други минувачи повредени на Тајмс Сквер во Њујорк

Од:

Најмалку едно лице загина, а 22 други се повредени денеска кога возило, што се движело со голема брзина, удрило во група пешаци на плоштадот „Тајмс Сквер“ во центарот на Њујорк.

Според очевидци на настанот, возилото марка „Хонда Акорд“ намерно удрило во пешаците. Тие изјавија дека возилото преминало во спртивната лента од коловозот, по што се качило на тротораот и „почнало да ги гази пешаците“.

Автомобилот потоа удрил во столб на тротоарот, по што се запалил. Полицајци веднаш го извлекле возачот од автомобилот и го привеле.

Како што соопшти началникот на њујоршката полиција, возачот е идентификуван како Ричард Рохас на возраст од 26 години.

Рохас, кој е жител на њујоршкиот кварт Бронкс, е поранешен припадник на американската Воена морнарица.

Тој претходно бил казнуван за возење во алкохолизирана состојба, па според полицијата, и за време на денешниот инцидент најверојатно бил под дејство на алкохол.

Си-Ен-Ен информира дека при претресот на автомобилот не е пронајдена никаква експлозивна направа.

Претставник на полицијата за Си-Би-Ес изјави дека возачот најверојатно „загубил контрола“ врз автомобилот и дека станува збор за несреќен случај, а не за инцидент поврзан со тероризам.

ДПА јави дека загинатиот пешак е 18-годишно момче, а дека меѓу повредените е и неговата 13-годишна сестра.

Според болнички извори, четворица од прегазените пешаци се во критична состојба, тројца се здобиле со посериони повреди, додека останатите минале со полесни рани.

Веднаш по инцидентот, американската полиција го блокираше реонот околу „Тајмс Сквер“.

Би можело да ве интересира

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија

САД испраќаат голем пакет помош за Украина

Американскиот секретар за одбрана: За 1.000 дена војна Путин не постигна ниту една стратешка цел