ВИДЕО: Џо Бајден со солзи во очите го одржа прошталниот говор

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден одржа говор на Демократската национална конвенција во Чикаго, каде што партијата ќе ја поддржи неговата кандидатка Камала Харис како демократска кандидатка за претседателските избори во ноември.

Бајден се откажа од трката против републиканецот и поранешен претседател Доналд Трамп пред неколку недели по притисокот и загриженоста за неговото здравје и способноста да служи уште четири години.

Тој одржа говор на конвенцијата на Демократите, а откако публиката го поздрави со овации, на Бајден му се насолзија очите.

Бајден рече дека нема „зла крв“ кон демократите кои бараа тој да се откаже од претседателската трка во 2024 година и ја повтори својата поддршка за Камала Харис.

„Сите овие разговори за тоа колку сум лут на сите луѓе кои рекоа дека треба да се повлечам – тоа не е точно“, рече Бајден додека толпата извикуваше „те сакаме, Џо“. „Ја сакам мојата земја повеќе и мораме да ја зачуваме нашата демократија. Америка, те сакам“, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Трамп: Постигнат голем напредок во преговорите со Јапонија

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

Калас: Не знам зошто Трамп го обвини Зеленски за војната во Украина

(ВИДЕО) Бајден го одржа првиот говор откако ја напушти Белата куќа, веднаш го нападна Трамп

Горан Наумовски

Трамп размислува за нови царини

Трамп: Ќе им дадеме пари на имигрантите за да ја напуштат Америка