ВИДЕО: Двегодишно момче во утробата носело близнак

Од:

Едно двегодишно момче од Кина го носело својот близнак во утробата, се додека хирурзите не го извадиле.

Детето кое е родено во селото Хуанси, во источната провинција Џиангсу, имало силни стомачни болки и проблеми со дишењето.

По неколку рендген и ултразвучни снимки, лекарите утврдиле дека детето го носи својот близнак, кој во него живее како паразит.

Станува збор за многу редок случај. Овој бизарен медицински феномен е т.н.”фетус ин” и настанува кога фетусот ќе остане заробен во едниот од близнаците.

Фетус во фетус се случува на самиот почеток на бременоста кога едниот фетус ќе се замота околу другиот. Доминантниот фетус тогаш расте нормално, додека другиот останува во него и се храни како паразит.

Во случајот со кинеското момче, апсорбираниот фетус бил долг 20 сантиметри и веќе бил формиран. Имал рбетен столб и потполно формирани раце и нозе, заедно со прсти.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина: Студент со нож убил најмалку осум лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Со автомобил влетал во толпа луѓе: 35 загинале, 43 се повредени

Суперсилите ги здружија силите: Кина и Русија договорија заедничко делување за стратешки прашања

(ВИДЕО) Во Кина автомобил влета во толпа пред стадион, има повредени

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ