(ВИДЕО) Две згради се урнаа во центарот на францускиот град Лил, нема жртви

Од:

Две соседни згради денеска околу 9 часот и 15 минути се урнаа во францускиот град Лил. Според локалните власти, во инцидентот нема жртви, јави дописникот на МИА од Париз.

Зградите се наоѓаат на централна шопинг улица. Жителите биле евакуирани во текот на ноќта како мерка на претпазливост откако еден од жителите пријавил сомнителни пукнатини.

„Еден млад човек се вратил дома во 3 часот по полноќ и констатирал дека ѕидот на зградата е искривен. Тој ја предупредил општинската полиција и пожарникарите, кои решиле да ја евакуираат зградата, сметајќи дека постои реален ризик“, изјави градоначалничката Мартин Обри.

Таа додаде дека се евакуирани и околните згради.

Според пожарникарите, едно лице се води за исчезнато.

Една од урнатите згради била на три ката и во фаза на реновирање. Кога се урнала, ја повлекла и соседната зграда. Инцидентот се случил пред дуќаните на шопинг улицата да почнат со работа.

Екипи за истражување се на местото на настанот, а областа е затворена.

Би можело да ве интересира

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата

Уапсен сопственикот на Телеграм

Француски суд осуди 12-годишно момче: Виновен е бидејќи го бранел тероризмот

(ВИДЕО) Се урна авион во Франција, пилотот не успеа да се катапултира

Горан Наумовски