(ВИДЕО) Дваесет лица се повредени откако платформа удри во заштитната ограда во Рио

Од:

За време на прославувањето на карневалот во Рио де Женеиро, последната во низата, платформа се удри во оградата, при што се повредени 20 лица, јави ДПА.

Осум од повредените се пренесени во болница. Најмалку тројца од нив се здобиле со скршеници.

Движењето на карневалот привремено беше запрено, за да можат Брзата помош и противпожарните возила да стигнат до местото на несреќата.

Несреќата се случи синоќа, кога последната платформа на која беа учесници во карневалот удри во оградата, при што беа повредени гладачи, учесници и новинари.

Полицијата соопшти дека три лица, кои управувале со платформата, денеска ќе бидат испрашани, дополнувајќи дека едниот од нив е идентификуван како главен виновник.

„Последната платформа почна да се движи наназад и запре, притискајќи ги учесниците до оградата. Тоа предизвика хаос, а потоа возачите на платформата изведоа брз маневар на спротивната страна и со тоа повредија уште луѓе. Главниот возач на платформата се помешал со останатите учесници на карневалот и побегна, но веќе беше идентификуван и ќе биде повикан на распит“, се наведува во соопштението од локалната полиција.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ

Судот во Бразил ја потврди забраната за социјалната мрежа Х

Врховниот суд на Бразил го забрани Х на Маск