ВИДЕО: Два големи пожара во Русија

Од:

Во Русија денеска избувнаа два големи пожарa. Првиот се случи на железничка станица во близина на Нижни Новгород и зафати површина од 2.500 квадратни метри. Причина за пожарот е палењето на цистерна со разредувач, јавуваат руските медиуми. Во гаснењето учествувале 55 пожарникари и 17 возила.

Вториот, уште поголем, избувна на пазарот Викалина во Владикавказ. Зафати површина од 4.500 метри квадратни, јави руската новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на соопштение на Министерството за вонредни ситуации на Северна Осетија. Огнот зафатил три хангари со облека. Во борбата со огнената стихија учествувале повеќе од 50 пожарникари, а пожарот е локализиран.

– Две лица се повредени во пожарот на кои им е укажана лекарска помош, изјави портпарол на регионалното Министерство за здравство.

Во Русија се забележани голем број пожари по инвазијата врз Украина. Не е јасно дали тие се поврзани со нападот на соседната земја, но постојат многу шпекулации за тоа.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Автобус полн со патници падна во река во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски