Една од најголемите дупки на светот, а која што е дело на човекот, е рудникот за дијаманти Мир во Сибир. Оваа „мајка на сите дупки “ е широка 1.200 метри и длабока 525.
Интересно е што летовите над овој рудник се забранети, бидејќи дупката создава атмосфера на нестабилност. Инаку летовите над неа се забранети, откако се урнале неколку хеликоптери.
Во последно време се почесто пристигнуваат информации за појава на дупки на земјата, кои голтаа се пред себе.
Во САД и Хрватска оваа необична појава однесе и човечки животи. Експертите наведуваат дека се работи за природни појави, додека други пак веруваат дека тоа е најава за Судниот ден.
Дупки со различни димензии се појавуваат речиси во целиот свет. Некои се длабоки неколку метри, некои десетици метри, но наспроти рудникот Мир, може да се сметаат за мали.
Е. Г.