(ВИДЕО) Државен погреб за 60 ирански офицери и нуклеарни научници убиени во 12-дневната војна со Израел

Од:

Ииран денес одржува државен погреб за околу 60 високи воени офицери и нуклеарни научници убиени во 12-дневната војна што ја започна Израел. Неколку високи команданти на иранските вооружени сили, како и десетина нуклеарни научници, беа убиени во израелското бомбардирање.

Иранските власти им оддаваат почит со државен погреб. Сабота ќе биде историски ден за исламски Иран и историјата на револуцијата, изјави Мохсен Махмуди, верски службеник за покраината Техеран.

Иранските медиуми ги емитуваа првите слики од погребните поворки на „мачениците од војната наметната од ционистичкиот режим“. На фотографиите се гледаат ковчези покриени со ирански знамиња и портрети на загинатите команданти.

Врховниот лидер Али Хамнеи, кој е на власт од 1989 година, во минатото ги водеше државни погреби, вклучително и минатата година откако претседателот Ебрахим Раиси загина во хеликоптерска несреќа. Но, не беше потврдено дали тој ќе се појави денес.

Висок израелски воен функционер вчера изјави дека Израел убил повеќе од 30 високи безбедносни функционери и 11 водечки нуклеарни научници, што е голем удар врз нуклеарните амбиции на Иран. Иран постојано негира дека развива нуклеарно оружје и вели дека има право да продолжи со цивилна нуклеарна програма.

Според Министерството за здравство на Иран, најмалку 627 цивили биле убиени, а речиси 4.900 биле повредени за време на 12-дневната војна. Иранската одмазда против Израел остави 28 мртви, според израелските власти.

Би можело да ве интересира

Најмалку 90 убиени во најновиот израелски напад врз Газа

Горан Наумовски

Нетанјаху: Израел стана најмоќната сила на Блискиот Исток

Најмалку едно лице загина во израелски напад со беспилотно летало во Газа

Хезболах: Подготвени сме да се браниме, но не и да започнеме конфликт со Израел

Кац: Израел ја укина вонредната состојба на југот од земјата

Аксиос: Демократите го повикуваат Трамп да се спротивстави на израелската анексија на Западниот Брег