(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Од:

Само две недели по разорните поплави што ја парализираа Шпанија, поточно Валенсија, a Малага сега е под црвена метеоролошка тревога, каде што веќе се евакуирани 3.000 жители.


На социјалните мрежи се појавија видеа кои наводно ја покажуваат моменталната ситуација во Малага.


На една од сликите е прикажан поплавен аеродром, додека на друга слика се гледа огромно количество вода што блика меѓу станбените згради и паѓа на веќе поплавената улица.


Шпанската агенција за цивилна заштита синоќа испрати масовно предупредување до телефоните во провинцијата Малага, предупредувајќи на „екстремен ризик од дожд“.

Областа, вклучувајќи ги и популарните туристички одморалишта како Марбела, Велез и Естепона, се очекува да биде најмногу погодена од новиот временски феномен познат како „Дана“.

Во Малага, училиштата се затворени, како и многу супермаркети.

Би можело да ве интересира

Седум повредени во пожарот во дискотеката во Кочани се транспортирани за Шпанија

Седум лица повредени во пожарот во Кочани се транспортираат во Шпанија

Стотици илјади луѓе во Австралија се без струја поради тропската бура „Алфред“

(ВИДЕО) Мајки со бебиња бегаат од поплавената болница во Аргентина, 10 загинати во поплави

(ВИДЕО) Поплави го погодија југоисточниот дел на САД, загинаа најмалку девет лица

САД: Издадени предупредувања за ледена бура, Калифорнија се подготвува за поплави