Еден од најпознатите музеи во светот, Лувр во Париз, е затворен поради закана за бомба, јави француски BFMTV.
Тие се повикаа на полициски извори.
Полицијата брзо пристигнала на местото на настанот, околу пладне, а посетителите морале веднаш да ја напуштат зградата.
BREAKING:
Visitors are being evacuated from the Louvre Museum in Paris after a bomb threat pic.twitter.com/LUoPBkTvkE
— Visegrád 24 (@visegrad24) October 14, 2023
Информација за затворањето на Лувр објави и управата на музејот на социјалната платформа Икс (Твитер), па музејот ќе остане затворен до крајот на денот.
„Од безбедносни причини, Лувр е затворен за денеска. На посетителите кои купиле билети ќе им бидат вратени парите“, соопшти Лувр на мрежата Х.
На социјалните мрежи се појавија снимки од евакуацијата на посетителите од познатиот музеј.