(ВИДЕО) Драма пред почетокот на Олимписките игри во Париз: Поради можна поставена бомба блокиран е дел до градот

Од:

Дел од Париз околу стадионот „Паркот на принцовите“ е блокиран поради сомнеж дека е поставена експлозивна направа, пишува германски „Билд“. Како што пренесува овој медиум, меѓу тенискиот објект на Ролан Гарос и „Паркот на принцовите“ била пронајдена торба со сомнителна содржина. Полицијата веднаш реагирала и ја опколила целата улица, но и околните места.

Граѓаните на Париз кои живеат во тој дел од градот не можат да влезат во своите домови, а сообраќајот е запрен.

Во 15 часот во Арена се игра прелиминарното коло на фудбалскиот турнир меѓу Шпанија и Узбекистан.

Во вториот натпревар (21 ч.), Израел на истиот стадион се среќава со Мали. Поради вмешаноста на Израел и поврзаната опасна ситуација, мерките на претпазливост веќе беа максимални. Надлежните се во готовност.

Деталите за точните аранжмани во Париз се чуваат во тајност. Сепак, толку е познато: трошоците за безбедноста на спортистите во 2024 година се околу двојно повисоки отколку на игрите во Токио пред три години.

Би можело да ве интересира

САД не беа поканети на тајниот воен состанок во Париз

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Исчезна учесничка на Параолимписките игри во Париз, француското обвинителство покренало истрага

Драма во Париз пред затворањето на Олимписките игри: Итно евакуирана Ајфеловата кула

Смртни закани за организаторите на ОИ, обвинителство во Париз oтвори истрага

A1on

Ковчези оставени пред Ајфеловата кула со натпис „француски војници од Украина“

A1on