(ВИДЕО) Доналд Трамп измисли терористички напад во Шведска

Од:

Опозицијата на Доналд Трамп во САД станува се поголема, пред се поради неговата забрана за влез во САД на лица од седумте претежно муслимански земји.

Во обид да ја одбрани логиката позади таа одлука на митинг во Флорида вчера тој изјави дека забраната била потребна за да се заштити државата, притоа набројуваќи напади од исламисти низ Европа.

Помеѓу нападите кои што ги наброи беше и напад во Шведска, кој што не се случил.

„Гледате што се случува во Германија, видовте што се случи синоќа во Шведска. Кој би поверувал дека тоа може да се случи во Шведска? Примија толку многу мигранти и сега имаат проблеми какви што не можеа ни да замислат“ изјави Трамп.

Оваа изјава беше примена со хумор на социјалните мрежи, бидејќи не постои никаков напад во Шведска во изминативе денови, па луѓето му пишуваат на Трамп да им каже што се случило во нивната држава, што тој знае, а тие не.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Ќе работиме конструктивно со Трамп за да постигнеме брз и траен мир

Шаје: Згрозен сум од тоа како Трамп се однесува кон сојузниците во Европа

Трудо: Трговската војна би можела да продолжи во догледна иднина

Америка ќе депортира 240.000 Украинци од САД

NBC: Трамп може да ги брани само членките на НАТО само ако трошат повеќе за одбраната

Трамп ги паузира и царините за Канада