ВИДЕО: Девојка извршила самоубиствен напад во Чеченија

Од:

Девојка денеска се разнела со експлозив кај полициска станица во Грозни. Нема загинати, ниту повредени лица.

В.д министерот за внатрешни работи на Чеченија, Апти Алаудинов појасни дека жената додека поминувала низ контролен полициски пункт ја активирала експлозивната направа.

Наведе дека полицајците забележале оти девојката чудно се однесува и побарале од неа да ги покаже личните документи. Таа не ги покажала и тргнала кон пунктот, по што полицајците забележале дека носи експлозив и веднаш испукале предупредувачки истрел, а таа го активирала експлозивот.

Во тек е утврдување на идентитетот на жената.

Би можело да ве интересира

Мистеријата на најблискиот соработник на Кадиров: Украинците тврдат дека Саидов е убиен, Русите го објавија неговото видео

А1он

Кадиров се заканува: Ќе ги победиме сатанистите

Ана Ололовска

Кадиров ја отфрли мобилизацијата во Чеченија: „Веќе дадовме доволно војници“

Ана Ололовска

Чеченскиот лидер Кадиров се повлекува од функцијата

Ана Ололовска

Чеченскиот лидер Кадиров: Распоредивме сили во Украина, бараме соборување на владата

Ана Ололовска

САД воведоа санкции против чеченскиот лидер Рамзан Кадиров

Жарко Настоски