Тригодишното девојче од Филипините се разбуди на сопствениот погреб, а снимката од нејзиното будење експресно се поршири по социјалните мрежи и медиумите ширум светот.
Девојчето во петокот било хоспитализирано поради висока температура, а во саботата било прогласено за мртво.
– Лекарите потврдија дека пациентот нема пулс и дека е мртов, изјави, инспекторот Хеидил Телан, додавајќи дека најверојатно се работело за кома.
Расплаканите родители за време на погребот забележале дека девојчето мрда, по што веднаш го однеле в болница.
Многу верници овој настан го сметаат за „чудо“, други пак велат дека едноставно девојчето не било мртво, а некои пак оценуваат оти целиот случај е наместен.