Тригодишно момче од бразилскиот град Вила Веља имало неверојатна среќа што останало живо, бидејќи се лизнало од балкон и висело од петиот кат на зградата.
Детето го забележале случајни минувачи, кои веднаш повикале помош.
Во тој момент под балконот се нашол Бруно Теиксеира кој веднаш влетал во зградата со цел да го спаси детето.
-Кога пристигнав до апартманот, влезната врата беше отворена. Мајката спиеше, би требало да биде поодговорна и да внимава на своето дете-рече тој.
Е. Г.