(ВИДЕО) Детали од Истанбул: Шефовите на руската и украинската делегација првпат разговараат без посредник

Од:

Третата рунда преговори меѓу Русија и Украина за прекин на војната што трае повеќе од три години се одржува во Истанбул, а според информациите на руските медиуми, шефовите на делегациите првпат разговарале без посредник.

Според руските медиуми, шефот на руската делегација, Владимир Медински, и шефот на украинскиот тим, Рустем Умеров, одржале состанок без посредник.

Во претходните наврати кога делегациите на овие две земји се состануваа, барем што се однесува до 2025 година и преговорите во Истанбул, разговорите се водеа со медијатори од Турција и САД.

Засега нема информации дали делегациите успеале да постигнат договор, а претходните преговори во Истанбул не дадоа резултати, освен за ослободување на затвореници и размена на тела меѓу двете земји.

Ова се првите директни преговори меѓу Русија и Украина од 2022 година, кога се водеа во Белорусија.

Овие преговори се водат под значителен притисок од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.

Иако на почетокот ја промени својата политика кон Украина во значителна мера, Трамп неодамна повторно го промени својот став и се закани дека ќе воведе нови санкции против Русија и земјите што купуваат природен гас и нафта од оваа земја.

Вреди да се истакне дека Трамп сепак ѝ даде рок на Русија од 50 дена да постигне договор за прекин на војната во Украина, и дури по тој рок ќе се применат најавените санкции.

Во исто време, Трамп ги продолжи испораките на оружје за Украина, кои ги суспендираше по враќањето во Белата куќа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Украина достави предлози за завршување на војната до САД, Зеленски тврди дека Русите подготвуваат мобилизација

Германски новинар го праша Зеленски: „Што можеме да направиме за да ви помогнеме да убиете повеќе Руси?“

Фиктивна фирма, лажни документи и милионски пратки: Австрија откри како воена опрема стигнува до Русија

ВИДЕО: Зеленски тврди дека Русија не може да војува без помош од Северна Кореја

(ВИДЕО) Русија со балистички ракети повторно го нападна Киев и други украински градови: најмалку петмина загинати во Запорожје

Катерина Ѓуровски

Москва има подготвена инфраструктура во Белорусија: Мапирани 150 воени локации