ВИДЕО: Десетмина повредени при експлозии и пожари во касарна во Манила

Од:

Најмалку десет војници и пожарникари се повредени при серијата експлозии и пожари во касарната „Форт Бонифацио“, што се наоѓа во близина на центарот на главниот град на Филипините, Манила.

Серијата експлозии започнала утрово, од засега непознати причини, а пожарот што избувнал по првата експлозија, предизвикал серија други пожари и експлозии.

Филипинската армија ги потврди извештаите на локалните медиуми, но ги демантираше претпоставките дека при експлозиите загинале неколку војници.

Касарната „Бонифацио’’ е познато по тоа што беше прв воен објект заземен при демонстрациите против диктаторот Фердинандо Маркос. Од таму, кон центарот на Манила тргнаа над милион Филипинци кои го принудија диктаторот Маркос да се повлече од власта и да избега од земјата.

Би можело да ве интересира

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски

Силен земјотрес ги погоди Филипините, издадено е предупредување за цунами

Еруптира вулкан на Филипините: Училиштата затворени, издадено предупредување за авиони