(ВИДЕО) Десетици торнада го погодија централниот дел на САД, има повредени

Од:

Десетици торнада го погодија централниот дел на Соединетите држави, предизвикувајќи значителна штета и повредија најмалку три лица, според АФП. Американската метеоролошка служба (NWS) регистрираше повеќе од 70 торнада низ целата земја во петокот, повеќето од нив околу градот Омаха, Небраска и во близина на Ајова. Резултатот беше десетици уништени згради и домови, скршени далноводи и излетани возови од шините. Во Елхорн, предградие на Омаха, сликите покажуваат срамнети со земја куќи, разнесени покриви и голи дрвја.

„Спасувачите продолжуваат да ги проверуваат погодените домови и им пружаат помош на сите повредени“, напиша полицијата на Омаха на X.

На југ, во близина на градот Линколн, торнадо погоди индустриски комплекс. Околу 70 луѓе кои биле таму при уривањето на зградата биле евакуирани, но тројца се здобиле со повреди кои не се опасни по живот, соопштија властите на округот Ланкастер на прес-конференција.

NWS, кој издаде голем број предупредувања за торнадо за неколку држави во централниот дел на Соединетите држави во петокот, предвидува дека временскиот феномен ќе продолжи и во сабота во овој огромен регион на земјоделски рамнини, вклучувајќи го и Тексас.

Торнадата, временски феномен кој е исто толку импресивен колку што е тешко да се предвиди, се релативно чести во САД, особено во централните и јужните делови на земјата.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД