ВИДЕО: Демонстрантите во Хонгконг формираа човечки синџир

Од:

Демонстрантите кои со недели протестираат во Хонг Конг се собраа на улиците држејќи се за раце, формирајќи човечки синџир како на протестот против советското владеење во балтичките земји пред 30 години.

Илјадници демонстранти на протестите наречени „Хонгконгски синџир“, држејќи се за раце, ги пополнија метро станиците и улиците.

Некои од нив со телефони ги осветлуваа улиците.

Организаторите се надеваа дека синџирот ќе ја следи линијата на метрото од 40 километри.

Тоа беше последниот собир на движењето што започна пред 11 недели со повик за укинување на сега суспендираниот закон за екстрадиција, а потоа се прошири на барање демократија и независна истрага за наводна полициска бруталност за време на протестите.

Организаторите наведуваат дека синџирот бил инспириран од „Балтичкиот синџир“, мирни политички демонстрации што се случија на 23 август 1989 година, кога околу два милиона луѓе се фатија за раце во човечки ланец долг 600 километри преку три држави – Естонија, Латвија и Литванија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Скандалозно однесување на блокaдерите, нов инцидент во Нови Сад: Постара жена турната

Илјадници протестираа во Истанбул поради апсењето на градоначалникот Имамоглу

Џонатан Мур за протестот во Белград: Снимката што ја видов не докажува употреба на звучен топ

Две млади момчиња паднале од ѕид во близина на Факултетот за ветеринарна медицина во Белград

Студентите од големиот протест во Белград ги повикаа граѓаните да не се откажуваат од борбата за промени

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Нормално е да ја следиме состојбата во Србија, но не очекувам прелевање кај нас

Предраг Петровиќ