(ВИДЕО) Демонстранти фрлаа камења по автомобилот на претседателот на Аргентина

Од:

Претседателот на Аргентина, Хавиер Милеи, беше итно изнесен од јавен настан денеска од страна на неговото обезбедување во покраината Буенос Аирес, откако демонстрантите фрлаа камења и други предмети по неговиот автомобил, според сведоци на Ројтерс.

Претседателот стоеше на задниот дел од пикап во движење заедно со членовите на обезбедувањето и неговата сестра Карина Милеи, која е и негов шеф на кабинетот, додека учествуваше во кампањата за претстојните избори.

Некои луѓе во толпата почнаа да фрлаат предмети, а еден камен ја погоди хаубата на возилото. Други предмети беа видени како летаат над главата на претседателот.

Пикапот со брзина се оддалечи од толпата, која извикуваше антивладини слогани како Оди си, Милеи“.

Портпаролот на Милеи, Мануел Адорни, напиша на мрежата X дека членови на опозицијата ја нападнале“ поворката на претседателот и дека нема повредени.

Неколку луѓе од потесниот круг на Милеи, вклучувајќи ја и неговата сестра, моментално се вмешани во корупциски скандал поради обвинувања за поткуп во аргентинската агенција за лица со попреченост.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хавиер Милеј нападнат со камења на предизборен митинг

Силен земјотрес во Аргентина

(ВИДЕО) Луѓе бегаат на улица, стравуваат од цунами – први снимки од Аргентина по два силни земјотреси

А1он

(ВИДЕО) Мајки со бебиња бегаат од поплавената болница во Аргентина, 10 загинати во поплави

Премиерот Заев го прими амбасадорот на Аргентина Атанасоф: Имаме потенцијали за воспоставување мостови за долгорочна соработка

А1он

ВИДЕО: Уловен пад на метеорит во Аргентина

Емир Латифовиќ