Ова е само дел од судирите помеѓу припадниците на заедницата на Курдите и Језидите со исламистичките салафисти во Хамбург и Целе, при што беа повредени најмалку 23 лица, додека 22 се приведени во полиција.
Судирите започнаа во вторник откако околу 400 Курди се собраа во близина на џамија, во која се собираат радикалите, за да го изразат својот протест против случувањата во сирискиот град Кабане.
Почетокот на курдскиот протест против масакрот во Кабане помина без инциденти, но поради пристигнување на се поголем број приврзаници на двете спротивставени страни, состојбата излезе од контрола.
Полицијата во двата града заплени голем број ладно оружје, ножеви и палки.
Е. Г.