ВИДЕО: Чудо во Венецуела: 11-годишно момче извлечено живо од урнатините три дена по разорниот земјотрес

Од:

Единаесетгодишно момче беше спасено живо од урнатините во Карабаледа, на северот на Венецуела, три дена по катастрофалниот земјотрес што ја погоди земјата.

Веста ја соопшти вршителката на должноста претседател Делси Родригез, која на социјалната мрежа X објави снимка од драматичната спасувачка акција.

„Пред само неколку минути беше спасено едно момче во Карабаледа. Во овие моменти, секој спасен живот претставува нова надеж за Венецуела“, напиша Родригез.

Само еден ден претходно, спасувачките екипи успеаја живи да извлечат и 18-дневно бебе и неговата мајка, што дополнително ја врати надежта дека под урнатините сè уште има преживеани.

Сепак, спасувачите предупредуваат дека шансите за пронаоѓање живи луѓе се сè помали.

„Во најголем дел пронаоѓаме безживотни тела, но, за среќа, одвреме-навреме успеваме да спасиме и преживеани“, изјави еден од спасувачите за агенцијата АФП.

Според последните информации од властите, најмалку 1.430 лица загинале во двата силни земјотреси со магнитуда од 7,2 и 7,5 степени според Рихтеровата скала, кои во средата го погодија северниот дел на Венецуела.

Повеќе од 50.000 луѓе сè уште се водат како исчезнати, додека Обединетите нации проценуваат дека катастрофата погодила околу седум милиони жители. Спасувачките операции продолжуваат, а надежта за пронаоѓање нови преживеани сè уште не згаснува.

Би можело да ве интересира

Протече говорот на Камала Харис: Се дистанцира од Бајден

Кина до Јапонија: Не си играјте со оган

Американските разузнавачи: Путин би можел да го нападне НАТО

Руски хакери тврдат: НАТО ги координира нападите на Русија

Предраг Петровиќ

Европа под удар на екстремен топлотен бран: Во Италија измерени 42,8 степени, Унгарија гаси светла за да штеди струја

Опасен вид хантавирус откриен кај турист во Европа: Итно се следат сите контакти