(ВИДЕО) Човекот што ѝ ги задава најтешките удари на Русија објави видео: „Паѓаат како есенски лисја“

Од:

Украинските сили за беспилотни системи (USF) соопштија дека спровеле голема координирана офанзива со дронови длабоко зад линијата на фронтот, со посебен фокус на окупираниот полуостров Крим, каде, според нивните тврдења, биле погодени бројни руски воени и енергетски објекти.

Командантот на единицата Роберт Бровди, познат по воениот прекар „Маѓар“, на социјалната мрежа X објави дека украинските дронови систематски гаѓаат руски системи за противвоздушна одбрана, радари, складишта за гориво и електроенергетска инфраструктура.

Во објавата, придружена со видеоснимка за која тврди дека прикажува успешни напади, Бровди наведува дека руската противвоздушна одбрана на Крим претрпела сериозни загуби.

Според неговите информации, од 1 до 29 јуни украинските беспилотни летала уништиле или оштетиле 31 руски систем за противвоздушна одбрана и радарски комплекс. Тој додаде дека во текот на мај биле погодени 36 вакви системи и најави продолжување на интензивните операции.

Бровди тврди и дека од почетокот на 2026 година украинските сили уништиле вкупно 194 елементи на руската противвоздушна одбрана, додека од формирањето на оваа специјализирана единица во јуни 2025 година, бројката достигнала 276.

Според податоците што ги објави, меѓу погодените цели има 169 ракетни и ракетно-артилериски системи за противвоздушна одбрана, меѓу кои и системи „Панцир-С1“, 76 радарски комплекси и 31 систем за електронско војување.

Украинската страна наведува дека во најновите напади на Крим биле погодени системот „Панцир-С1“ кај Феодосија, радарските системи ST-68 и 48Ја6-К1 „Подљот“ во Евпаторија, како и повеќе трафостаници, меѓу кои и големата трафостаница „Западнокримска“, како и објекти во Випасне, Олександривка, Марјанивка и Џанкој.

Освен воени цели, според тврдењата на Киев, биле нападнати и складишта за гориво во Мелитопол, железнички цистерни во Феодосија, воени камиони со гориво во Запорошката област, локомотива во руската Брјанска област и пристанишен влекач во окупираниот Скадовск.

Руското Министерство за одбрана засега не ги коментираше овие тврдења, кои не можат независно да бидат потврдени.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Лимитирањето на „Старшилд“ за Украина е по наредба на Белата куќа

ВИДЕО: Украинците со дронови го погодија најголемиот руски дата-центар

SpaceX, без најава, го ограничи Starlink за украинската војска

ВИДЕО: Русите жестоко го нападнаа Киев, Украинците ги обвинуваат сојузниците

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Повторно погодени бродови во Црното Море кај Бугарија

Катерина Ѓуровски

Европа контра Трамп, подготвува нов пакет санкции за Русија