ВИДЕО: Членови на банда каменувани и живи запалени во главниот град на Хаити

Од:

Десетина наводни членови на банда вчера биле гаѓани со камења и живи запалени од жители на населба во Порт о Пренс, соопштија полицијата и очевидци, а ОН истиот ден предупредија дека на Хаити владее несигурност како во услови на „вооружен конфликт“.

Овој нов случај на смртоносно насилство дојде откако полицијата приведе вооружени лица во услови на зголемена тензија во главниот град на Хаити.

– При проверка на минибус во кој имало вооружени лица, полицијата запленила оружје и друга опрема. Освен тоа, повеќе од десет лица од тоа возило биле линчувани од жителите на населбата, се наведува во соопштението на полицијата на Хаити.

Полицијата не го наведува точниот број на жртви ниту во кои околности избила надзор над осомничените со кои се пресметале жителите на населбата Канапе Верт.

Но, судирите почнале пред зори, кога членовите на бандата влегле во станбените области на главниот град, ограбувале куќи и напаѓале жители, изјавиле очевидци.

Уште најмалку тројца наводни членови на банда биле убиени и изгорени околу пладне, според фотографии и видеа објавени на интернет.

Несигурноста во главниот град на Хаити достигна ниво „споредливо со она на земјите во војна“, предупредија ОН во извештај објавен вчера, истакнувајќи дека бројот на убиства и киднапирања во земјата е во пораст.

– Народот на Хаити и понатаму е изложен на една од најтешките кризи за човековите права во последните децении и голема хуманитарна криза, се вели во извештајот на генералниот секретар Антонио Гутереш.

Од 1 јануари до 31 март, бројот на убиства во земјата е зголемен за 21 отсто во однос на претходниот квартал (815 наспроти 673), а бројот на киднапирања за 63 отсто (637 наспроти 391).

Би можело да ве интересира

Изгорени трупови по улиците, луѓето бегаат, бандите прават пустош на Хаити

САД ги повикаа своите граѓани да го напуштат Хаити што е можно поскоро поради ескалацијата на насилството

(ВИДЕО) Вонредна состојба на Хаити: Банди упаднаа во затвор, ослободија 4.000 затвореници

Хаос на улиците на Хаити: Банди сакаат да го соборат премиерот, студенти држени како заложници

Горан Наумовски

Банда на Хаити пукаше кон демонстранти и уби седум лица

Горан Наумовски

Хаити: По две недели, две државјани на САД се ослободени