(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Од:

Бурата Иша вчера и денеска го прекина британскиот воздушен и железнички транспорт и остави илјадници домови без струја. Најпогодена беше Шкотска, со ветрови до 144 километри на час, поради што сите возови беа откажани.

Откажани се и десетици летови од Единбург и Глазгов. Невремето погоди и некои возови на југот на Англија, вклучувајќи ги и оние меѓу Лондон и аеродромот Гетвик.

Британската електрична мрежа објави дека ја вратила струјата во повеќето домаќинства во јужна и источна Англија, но околу 45.000 домови во Северна Ирска сè уште се без струја.

Од другата страна на Северното Море, аеродромот Шипхол во Амстердам вчера откажа десетици летови закажани за денеска поради силните ветрови што се очекуваат во Холандија. Стотина летови беа откажани вчера и од Даблин.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин