ВИДЕО: Бруталност на израелската војска

Од:

Британскиот Гардијан објави видео снимка на која се гледа припадник на израелската воена полиција како го удира малолетниот палестинец за кого се тврди дека има 9 години. Првиот војник го фаќа детето и го држи, а а потоа приоѓа друг војник и го мава со нога.

Снимката ја направил Раед Абу Римл кој за израелскиот весник Yedioth Ahronoth рече: „Слушнав викање и видов како детето едниот војник го мава со нога во стомак. Само што си заминаа војниците, му пријдов на детето. Беше толку уплашен“.

Инцидентот доаѓа само на неколку дена откако група британски адвокати донесе заклучок дека Израел ги прекршил меѓународните права поради третманот кон палестинските деца во заложништво.

Актуелниот инцидент е само последен во низата снимени инциденти кои излегоа во јавноста последниве месеци.

На снимката која е објавена во мај се гледаат израелски доселеници како пукаат по палестинските селани, додека војската седи и набљудува. Во април пак е објавена снимка на која припаник на воена полиција удира дански активист со пушка во главата.

Би можело да ве интересира

Израелските воздухопловни сили нападнаа зграда во предградие на Бејрут

Кац: Без мир во северните погранични градови на Израел, нема да има мир во Бејрут

Ракети од Либан се истрелани кон Израел

Галант го повикува Израел да му даде приоритет на враќањето на заложниците

Хамас: Подготвени сме за сериозни преговори за ставање крај на војната во Газа

Убиен командант на Хезболах во напад на југот на Либан